Само денеска и веројатно никогаш повеќе, за Реал двајца стартери ќе бидат со презиме Агуадо

Натпреварите од првите рунди во националните купови се шанса за тренерите на големите клубови да одморат некои од ѕвездите кои играат премногу натпревари во текот на сезоната, па така во почетниот состав на Реал Мадрид ќе има неколку момчиња кои ретко или никогаш не добиваат шанса во првиот тим на дуели од Лигата на шампионните или шпанското првенство.

Според шпанските медиуми, во почетниот состав на Реал вечерва против Депортиво Минера ќе бидат неколку младинци, но правилата велат дека мора да има барем 7 играчи кои се регистрирани за првиот тим.

На голот треба да биде Лунин, во одбраната ќе бидат Лоренсо Агуадо, Раул Асенсио, Диего Агуадо и Фран Гарсија. Асенсио играше на неколку мечеви и покажа дека на него може да се смета, а вечерва деби и тест ќе има 17-годишниот централен дефанзивец Диего Агуадо за кој велат дека може да биде дел од првиот тим во иднина.

Во средината и нападот ќе бидат и докажани играчи како Камавинга, Модриќ, Брахим, Ѓулер, Родриго и Ендрик. Од сите овие играчи кои се најавуваат како стартери, против Валенсија во почетниот состав беше само Бразилецот Родриго.

- Оглас -

Најнови вести