Само два меча се играат ноќеска во НБА-лигата, а фаворитската улога ја имаат домаќините. Детроит треба да го осигури шестото место на Истокот за сигурен пласман во плејофот, па затоа и е фаворит против Сакраменто, кој грчевито се бори за да биде во Топ 10 на Западот.
Мајами треба лесно да помине против една од најслабите екипи, а тоа е Филаделфија. Жешките се на последното, 10-то место кое носи бараж за место во плејофот, додека 76-ките немаат шанси да влезат во разигрувањето. Филаделфија е во очајна форма и има дури 14 порази во последните 15 меча.
Вкупно 18-мина кошаркари кои се очекува да бидат на терените вечерва, се дел од понудата за „плус-минус“ поени.