Само два отсто од прогнозерите сметаат дека Марсеј ќе загуби од Тулуз, имате рок до утре да се приклучите со прогнозите

Прогнозерите веќе имаат јасни фаворити во 19-тото коло на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија, Спортска прогноза.

Тие немаат дилеми дека Олимпик Марсеј ќе слави на гостувањето кај Тулуз и ќе ја продолжи победничката серија во Лига 1. Само 2,20 отсто од прогнозерите сметаат дека Тулуз може да изненади, додека 88,64 отсто веруваат во победа на Олимпик Марсеј, кој минатата недела го елиминира ПСЖ од Купот на Франција.

Исто така победа се очекува и од Атлетико Мадрид во дербито против Атлетик Билбао. Дури 80 отсто од прогнозерите сметаат дека Јорганџиите ќе ги освојат трите бода, а само 3,56 отсто мислат дека ќе има изненадување.

Според досегашните типувања, фаворити се и Евертон и Сампдорија во натпреварите прoтив Лидс и Болоња.

Дерби на 19-тото коло е премиерлигашката пресметка меѓу Њукасл и Ливерпул и 43,98 отсто сметаат дека Црвените ќе победат. Во триумф на Њукасл, кој е четврти на табелата и има дури девет бода повеќе од Ливерпул, веруваат 28,98 отсто.

За перфектно прогнозирање, односно погодени 13 меча од основната понуда, се одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X).

За 12 натпревари се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени средби тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести