32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Само два пати во последните 10 меѓусебни пресметки се радувал домаќинот, гол може да се очекува во првите 10 минути

Меч кој може многу да покаже околу трката за титулата во Премиер лигата. Ливерпул е лидер со 51 поени, додека Арсенал има 46 бодови и е на третата позицијта. Тоа значи дека Топчиите кои ја имаат предноста на домашен терен, мора да бркаат освојување на три бода.

Домашниот терен најчесто е предност во вакви дерби дуели, но традицијата во пресметките на овие ривали не вели дека е така. Од последните 10 меча кои Арсенал и Ливерпул ги имаат одиграно меѓусебе, само два пати се радувал домаќинот (по еднаш двата тима).

Последен пат играа пред неполн месец и тоа во Лондон, кога Ливерпул победи со 2:0 и го елиминираше Арсенал од ФА Купот. На тој дуел, двата тима играа во најсилните состави, што значи дека Ливерпул покажа дека не се плаши од ова гостување.

Тимот на Јирген Клоп е во одлична форма и во последните 11 средби што ги одигра има 8 победи и три нерешени, додека Арсенал игра многу променливо и има четири победи, исто толку порази и две нерешени во последните 10 средби.

Интересно е дека на три од последните четири меѓусебни пресметки, првиот гол паѓа во почетните 10 минути, а еднаш тоа се случи во првата минута, па за оние кои сакаат да ризикуваат, во играта ШТО ПРВО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, да се обложите на гол, коефицинетот е дури 20.

Во Специјалниот сингл има одлични понуди за стрелци на овој меч, како и тоа кој ќе го изведе првиот или последниот корнер, кој прв ќе добие жолт или црвен картон, како и тоа дали ќе има пенал и за кого или пак кој прв ќе направи замена.

- Оглас -

Најнови вести