Словенечкиот голман Јан Облак беше во центарот на вниманието со одбранетиот пенал на Кристијано Роналдо на дуелот од осминафиналето на Европското првенство во Германија. Голманот на Атлетико Мадрид во тој момент ја спаси својата репрезентација, но остана немоќен во пенал-рулетот, кога не успеа да одбрани ниту еден пенал, а неговите соиграчи не успеаја да погодат ниту еден пенал.
Сепак, само двајца голмани им имаат одбрането пенали и на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси, фудбалерите кои владеат во последните 15-тина години. Еден од нив е токму Јан Облак, кој во 2015 година во четвртфиналето на Купот на Шпанија му одбрани пенал и на Лионел Меси.
Вториот голман кој има ваков ефект е Диего Алвес, кој во дресот на Валенсија му одбрани дури три од четирите пенали на Кристијано Роналдо, а во 2012 година му одбрани пенал и на Меси.