Само двајца играчи се поефикасни од Гундоган во Премиер лигата за оваа година (ФОТО)

Екипата на Манчестер сити оствари лесна победа кај Брајтон од 4:1 во рамките на деветтото коло од англиската Премиер лига.

За „граѓаните“ беше доволно едно полувреме да дојдат до планираната цел, откако по првите 45 минути постигнаа три погодоци.

Првиот од нив беше дело на Илкај Гундоган кој што е третиот најефикасен играч во Премиер лигата во 2021 година. Само Мохамед Салах кој има 16 и Хари Кејн кој 15 пати се запиша во листата на стрелците се подобри од Германецот кој во 13. минута стигна до 13. погодок во Англија.

Наредните два погодоци беа дело на суперталентот Фил Фоден и тоа во 28. и 31. минута. Домашниот тим во 80. минута преку Мак Алистер кој беше успешен пеналџија, постигна почесен погодок.

„Печат“ на победата стави Ријад Марез со гол во последните мигови од судиското продолжение.

Со оваа победа, сити дојде до бројката од 20 бодови и е на втората позиција зад лидерот Челзи кој има 22.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести