Порталот „Тоталспортал“ за време на Европското првенство во ракомет објави листа на најплатени ракометари на светот.
Според информациите на порталот, во светот има двајца ракометари кои имаат годишна плата од над еден милион евра, а тоа се Микел Хансен и Никола Карабатиќ, двајцата членови на Пари Сен Жермен.
Данецот Хансен заработува 1,5 милиони годишно, а Французинот има годишна плата точно од 1 милион евра.
Трет е Данецот Ханс Линдберг од Фуксе Берлин, кој заработува 850.000 годишно, а во топ 10 се и Домагој Дувњак, Кристијан Бјорнсен, Лука Циндриќ, Никлас Ландин Јакобсен, Алеиш Гомез, Арон Палмарсон и Аитор Арино. Десеттиот Арино во Барса зема 475.000 евра по сезона.