-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Само двајца тренери може да бидат наследници на Ханси Флик во Барселона

Позицијата на Ханси Флик во Барселона не е загрозена, а Германецот има одлични резултати, но раководството на клубот сепак размислува за иднината и кој би бил неговиот наследник.

Во Барселона се споменуваат само две имиња како можни наследници на Ханси Флик, а тоа се Луис Енрике и Микел Артета. Двајцата Шпанци имаат одлични резултати во ПСЖ, односно Арсенал, а Луис Енрике веќе беше на клупата на Каталонците и токму со него ја освоија последната титула во Лигата на шампионите во 2015 година.

Жоан Лапорта се надева дека Ханси Флик ќе го прифати новиот договор кој ќе му биде понуден, а ќе биде со важност до 2028 година, додека навивачите се надеваат дека Пеп Гвардиола во иднина би можел да се врати на „Камп ноу“, опција што е малку веројатна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести