Само двајца тренери останаа во трка за клупата на Челзи

Екипата на Челзи е главна тема во светските медиуми пред се поради лошите резултати, но и поради потрагата по трајно решение за клупата на тимот од “Стемфорд Бриџ“. Многу имиња беа во игра, се шпекулираше дека Јулијан Нагелсман е најголемиот кандидат, но тој се повлече од трката.

Сега во игра остануваат само двајца кандидати. Аргентинскиот стручњак Марусио Покетино важеше за најсериозен кандидат, но сега според медиумите од Островот еден друг тренер излегува во прв план.

Се работи за тренерот на Селтик, австралиецот со грчко потекло, Ангелос Постекоглу. Можеби за некого е изненадување, но неговите успеси со Селтик го носат пред траен договор со Челзи и преселба во англиската Премиер лига.

Поранешниот селектор на Австралија, кој е роден во Атина, пред да го преземе Селтик беше тренер на локални екипи на најдалечниот континент и во Јокохама во Јапонија, додека во Европа ја има водено само екипата на Панахаики од Грција и сигурно дека доколку седне на клупата на Челзи, тоа ќе биде најголемо достигнување во неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести