До четвртокот само две земји члени на Организацијата на обединетите нации немаа одиграно меѓународен репрезентативен натпревар, но сега таа листа се намали на само една држава.
Маршалските Острови, земја во Пацификот, го имаше своето деби, иако не е членка на ФИФА. Државата со само 42.418 жители одигра пријателски натпревар во Спрингдејл, Арканзас (САД), со селекцијата на Американските Девствени Острови (87.146 жители), кој го загуби со 4-0.
Резултатот за нив воопшто не беше во прв план, а тоа може да се види и од видеото на кое прославуваат со своите навивачи на трибините.
The Marshall Islands now has a national team
First match ends with a 4-0 loss to US Virgin Islands, a ridiculous accomplishment for a nation without a full pitch in the country
Some fans stuck around WAY after the game to keep showing appreciation, special moments pic.twitter.com/L0jP2ihkpL
— Zealand (@theoldzealand) August 15, 2025
Маршалските Острови веќе во сабота ќе го одиграат и вториот меч и тоа против Островите Туркс и Кајкос (49.309 жители).
Единствената земја- членка на ООН која до сега одиграно натпревар останува Науру, држава која слично како и Маршалските острови, се наоѓа во Пацификот. Тие имаат само 11.919 жители, а имаат одиграно два натпревари против екипи составени од рударите и затворениците од нивната земја, но никогаш не играле интернационално.
Голем проблем за нив е фактот дека имаат само едно игралиште кое се наоѓа во затворот, а веќе се преземаат иницијативи за организација на меѓународен натпревар и за нивната репрезентација, која реално во моментов и не постои.