Екипите на Реал Мадрид, Наполи, Манчестер сити, Бенфика, Милан, Челзи, Интер и Баерн Минхен се осумте најдобри во Европа за оваа сезона во Лигата на шампионите. Интересно е дека Италија е единствената земја која има три учесници во четвртфиналето, нешто што одамна се нема случено (Милан, Интер, Наполи), два претставника има од Англија (Челзи и Манчестер сити) и по еден тим од Шпанија (Реал Мадрид), Германија (Баерн Минхен) и Португалија (Бенфика).
Ждрепката за четвртфиналето ќе биде в петок, во 12 часот, во Нион, а овојпат нема да има никакви носители или екипи со привилегии, па може да се падне секој со секого во следната фаза од елитното натпреварување.
Освен паровите за четвртфиналето, в петок ќе бидат познати и можните полуфинални двојки, како и тоа како би изгледало потенцијалното финале во Истанбул.