30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Само еден човек може да му помогне на Гриезман

Антоан Гриезман има потешкотии да се навикне на филозофијата на Барселона, како и тактиката на тренерот Валверде. Неговата лоша форма е резултат на тоа, но една француска легенда вели дека има решение, а само еден човек може да му помогне на Гриезман да се прилагоди на новата средина.

„Би сакал да го видам претседателот Бартомеу да покаже дека има храброст да му се обрати на Меси. Да го замоли Аргентинецот да му помогне на Антоан за да се вклопи во новиот систем. Тоа не е ништо ново. Така постапи Флорентино Перез во периодот кога Зидан пристигна во Реал од редовите на Јувентус и се покажа како добар потег“, истакна Вили Сањол, поранешен француски репрезентативец и член на Баерн Минхен.

Францускиот ас постигна само четири погодоци оваа сезона и тоа во Ла Лига, на европската сцена уште не се појавил. Можеби вечерва во Тирана, Гриезман против албанската репрезентација ќе проработи па во добро расположение ќе се врати во каталонската престолнина.

- Оглас -

Најнови вести