Само 24 часа од почетокот на новото, 31-во коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, играчите го кажаа своето мислење и фаворитите за овој викенд се наѕираат.
Убедливо најголем процент за нерешен исход има средбата Торино – Фиорентина, дури 47,42%. Со голем процент на втората позиција е и дуелот Лил – Марсеј, 37,53%.
Од гостинските екипи, најголема фаворитска улога има Виљареал на гостувањето кај Жирона, дури 72,58%.
Сепак, како и секогаш, најголемите проценти се за домашните екипи. Во водство е Нант, кој е голем фаворит според играчите на Спортска прогноза да го победи Монпелје со неверојатен процент од 80,21%.
Следува победата на Херта против Бохум со 77,73%, потоа победа на Вердер Бремен против Келн со 76,91%. Во Премиер лигата, од понудените натпревари, најголем процент за победа му се дава на Фулам, дури 75,05% против Кристал палас.
Првиот натпревар од понудата започнува во сабота во 14 часот, а тоа е дуелот Жирона – Виљареал.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
X Box Series X.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!