Францускиот стратег Зинедин Зидан, ја одби понудата да стане селектор на репрезентацијата на САД, тврди „ЕСПН“.
Американската телевизија објави дека агентот на Зидан, Алан Милјачио, добил понуда неговиот клиент да биде новиот селектор на САД. Но, одговорот на Зидан бил негативен.
Зинедин Зидан се надеваше дека ќе седне на клупата на Франција, но пласманот во финалето на СП минатиот месец се одржа во Катар, иако Триколорите играа без неколку повредени играчи, ги натера челниците на Федерацијата да му го обноват договорот на Дидие Дешан. Тој вчера официјално стави потпис на нов тригодишен договор.
Освен САД, Зидан е на мета на Бразил и на Портигалија кои останаа без селектори по раното испаѓање на Мундијалот.
Како можна опција за Французинот се споменува и Јувентус, но на клупата на Старата дама би седнал по завршување на сезоната.