Само еден ден откако ја освои титулата, Вирц договара трансфер кој никој во Баер нема да му го прости

Баер Леверкузен вчера по победата од 5:0 над Вердер за првпат во историјата ја освои шампионската титула, но денеска најдобриот играч ги шокира навивачите и управата бидејќи си договара трансфер во најлутиот ривал на Фармацевтите.

Имено, магазинот „Кикер“ пишува дека Флоријан Вирц веќе извесно време е во преговори со управата на Баерн Минхен и се очекува наскоро да дојде до договор меѓу двете страни.

Баерн Минхен е подготвен да плати 100 милиони евра за трансферот на Вирц, за кого голем интерес пројавуваат и останатите европски гиганти, како Реал Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести