Само еден ден Реал беше комплетен, за Еибар отпишани тројца

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, само еден ден, вчера, имаше привилегија на тренинг да ги има на располагање сите 24 играчи од првиот тим. Кога помисли дека здравствените проблеми се минато, денеска не тренираше Бразилецот Винисиус поради стомачни проблеми, па тој мораше да биде изоставен од екипата која ќе патува на утрешното гостување кај Еибар.

Освен Винисиус, во составот на актуелниот шпански првак ќе ги нема и Еден Азар, и Иско кој има мала повреда на глуждот. Тие двајца тренираа денеска, но нема да играат кај Еибар. Неиграњето на Винисиус кој беше стартер на последните четири меча, може да значи напуштање на формацијата 4-3-3 и минутажа за Одегард или Јовиќ. Зидан има опција и Родриго или Асенсио да го користи како лево крило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести