Само еден ќе биде мундијалскиот крал на социјалните мрежи, далеку зад него се Меси, Нејмар, Мбапе и Бензема

Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на социјалните мрежи и Португалецот е мундијалскиот крал со најмногу следбеници на трите главни платформи, „Инстаграм“, „Твитер“ и „Фејсбук“.

Асот на Португалија е убедливо пред конкурентите, Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе и Карим Бензема, кои и во текот на Мундијалот во Катар ќе бидат најследените петмина фудбалери на социјалните мрежи.

Роналдо има неверојатни 844 милиони следбеници, или поделено по платформи, 495 милиони на „Инстаграм“, 195 милиони на „Твитер“ и 154 милиони на „Фејсбук“.

Зад него е вечниот ривал Меси, со кого доминираат во последмните 15 години и се тркаат во сите можни категории.

Аргентинецот е поскромен со експонирањето на социјалните мрежи, но и тој може да се пофали со огромен број следбеници.

На „Инстаграм“ ги има 372 милиони, на Твитер е послабо експониран само со 3,1 милион и на „Фејсбук“има 106 милиони луѓе што ги следат неговите активности.

Со над 100 милиони следбеници на која било од трите платформи може да се пофали само уште Бразилецот Нејмар.

На „Инстаграм“ го следат 181 милион луѓе, на „Твитер“ има 59 милиони и на „Фејсбук“ е со 88 милиони следбеници.

Во топ-5 се и двајцата француски репрезентативци Мбапе и Бензема, а интересно зад водечката петорка е Герет Бејл на шестото место.

 

- Оглас -

Најнови вести