Само еден фудбалер на Манчестер сити не аплаудираше на играчите на Ливерпул (Видео)

По 30 години чекање, Ливерпул го оствари сонот и стана шампион на Англија. Избраниците на Јирген Клоп направија историски успех и се првиот тим кој успеал да стигне до недостижна предност и тоа на седум кола до крајот. Први кои имаа можност да им честитаат на новите прваци, беа токму старите шампиони, Манчестер сити.

Ливерпул гостуваше кај Граѓаните, а пред почетокот на дуелот, домаќините со популарен шампионски шпакир ги пречекаа прваците. Сите играчи на Сити, освен еден, аплаудираа и покажаа почит кон противникот. Единствен кој реши да не ги поздрави новите шампиони беше Бернардо Силва.

Португалецот само стоеше и гледаше додека противничките играчи поминуваат, а на крајот дури беше и првиот кој нестрпливо чекаше да се тргне од шпалирот. Со овој свој потег Силва го навлече гневот кај англиската спортска јавност, но не се огласи за да објасни зошто решил да не го поздрави новиот првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести