Само еден фудбалер не му аплаудираше на Клоп, што дополнително ги налути навивачите (Видео)

Вчерашниот меч меѓу Ливерпул и Вулверхемптон на „Енфилд роуд“ беше посебно емотивен. Ливерпул победи со 2:0 во последниот меч на Јирген Клоп како тренер на англискиот гигант.

Клоп помина осум години како менаџер на Ливерпул и ги освои сите највредни трофеи. По завршување на мечот, сите фудбалери направија шпалир во чест на Клоп, а само еден играч беше незаинтересиран.

Напаѓачот Дарвин Нуњес, кој сезонава честопати беше дел од ротацијата и немаше сигурно место во стартниот тим, воопшто не му аплаудираше на својот тренер. Навивачите на Ливерпул тго забележаа тоа и негодуваа преку социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести