5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Само еден град истакна кандидатура за домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2028 година

Финалето од Лигата на шампионите оваа сезона ќе се одржи на „Пушкаш арената“ во Будимпешна, додека во 2027 година домаќин ќе биде Мадрид со стадионот „Метрополитано“, на кој игра Атлетико.

Денес истече рокот за кандидатури за финалните натпревари во 2028 и 2029 година, а она што е изненадување за 2028 година има само еден кандидат. Минхен повторно сака да ги угости најдобрите екипи во Европа, додека за 2029 година кандидати се „Вембли“ во Лондон и „Камп Ноу“ во Барселона.

За финалињата од Лигата на Европа во 2028 и 2029 година, кандидатури има од Торино, Букурешт, Белград, Лион и Париз, додека Анкара се кандидираше само за финалето во 2029 година.

Голема е конкуренцијата за финалните натпревари во 2028 и 2029 година во Конференциската лига. Канидатури за двете години има од Лил, Будимпешта, Гданск, Астана и Алмати, додека Хелсинки е кандидат само за 2029 година.

- Оглас -

Најнови вести