Само еден играч ги поврзува Манчестер, Барселона, Јувентус и Ајакс

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите голгетери на светот во 21 век, е човекот кој ги поврзува сите четири екипи кои денеска ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Популарниот Ибра, кој моментно игра во ЛА галакси, во кариерата ги носел дресовите на сите четири клуба кои денеска ќе се борат во елитната Лига на шампиони.

Швеѓанецот најпрво заигра во Ајакс, каде што го покажа целиот свој талент, а потоа секогаш беше цел на најдобрите, па затоа има играно и во Јувентус, Барселона и Манчестер јунајтед.

Во сите четири клуба Ибра се има радувано и на вредни трофеи, а вечерва едноставно ќе ужива во пресметките меѓу Манчестер јунајтед – Барселона и Ајакс – Јувентус.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести