20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Само еден играч остана во Барса од последниот лигашки дуел против Кадис кој се одигра на „Рамон де Каранса“

Барселона по 15 години пауза вечерва (21 часот) ќе гостува кај новакот Кадис во рамките на 12-тото коло  во Ла Лига. Каталонците последен пат на стадионот „Рамон де  Каранса“ се појавија на 17 декември 2005 година, тогаш тимот на Рајкард славеше со 3-1 со головите на Ето(2) и Жили.

Од таа генерација, само еден фудбалер се задржа во редовите на каталонскиот гигант. Секако, се работи за капитенот Лионел Меси, кој пред 15 години се пробиваше во првиот тим, па сега стигна да биде прогласен за најдобар во историјата на клубот, веројатно и воопшто во фудбалот.

Составот на Френк Рајкард се состоеше од Валдес, Ван Бронхорст, Пујол, Макрес, Олегер, Едмилсон, Деко, Иниеста, Жили, Меси и Ето, додека од клупата за резерви влегоа Ларсон, Мота и Езгеро.

- Оглас -

Најнови вести