Кристијано Роналдо вечерва во Белград ќе биде главна ѕвезда на дуелот Србија – Португалија. Европскиот првак ќе се обиде да стигне до три бода на ова гостување, а секако многу нешта во играта на Португалија ќе зависат токму од Роналдо.
Иако има 34 години, Роналдо е во топ форма. Тоа се потврдува и по првите неколку кола во Италија. Пресметано е дека Роналдо сезонава има направено спринт со брзина од 34,62 километри на час. Само дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас има трчано побрзо. Тој развил брзина од 35,41 км на час. Зад Роналдо е напаѓачот на Торино, Симоне Заза со максимална брзина од 34,56 км на час, а Џанлука Манчини од Рома трча 34,46 км на час.
Фактот дека Роналдо е максимално брз треба да го знаат дефанзивците на Србија кои не треба да дозволат да им избега еден од најдобрите играчи во светот.