Само еден играч во историјата на Премиер лигата дал 4 гола во прво полувреме: Палмер!

Кол Палмер денеска на натпреварот Челзи – Брајтон стана прв фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири голови во прво полувреме на премиерлигашки меч.

Палмер е само четвртиот играч во историјата на Сините кој дал четири гола на еден меч (другите тројца се Хаселбанк, Дрогба и Лампард), а има само 22 години и веќе двапати имал по четири погодоци на еден меч. Сепак, покерот за едно полувреме е нешто историско и не беше видено до денеска.

- Оглас -

Најнови вести