Само еден клуб го сака Милер, ако не потпише таму, ќе ја заврши кариерата

Лос Анџелес ФК сака да го потпише Томас Милер, кому му истекува договорот со Баерн Минхен по крајот на Светското клупско првенство.

Милер, кој има 35 години, сака да се пресели во Лос Анџелес, но страните сè уште не постигнале договор. Компанијата „Адидас“, која е спонзор и на Милер, би можела да помогне во олеснувањето на финансискиот дел на трансферот на германскиот ветеран во клубот од МЛС.

„Адидас“ е заинтересиран и да го искористи Милер како амбасадор во Америка, во пресрет на Светското првенство во 2026 година.

Во моментов наводно Милер сака само да се пресели во Лос Анџелес. Доколку трансферот не се случи, Милер може да одлучи да ја заврши кариерата.

- Оглас -

Најнови вести