Нејмар сака да остане во Пари Сен Жермен, но клубот бара начин како да се ослободи од скапиот Бразилец кој има огромна плата, а играч за кој поставија светски рекорд за да го откупат од Барселона.
Единствен клуб кој е подготвен да му даде плата на Нејмар иста како таа што ја прима во ПСЖ (50 милиони евра годишно) е Њукасл. Супер богатите Арапи кои се газди на Чавките, со задоволство би го имале Неј во своите редови, но проблем е што фудбалерот не сака да игра за Њукасл.
Нејмар би се вратил во Барселона, но Барса нема пари, а останатите гиганти едноставно не се заинтересирани за Бразилецот кој има договор со ПСЖ до 2025.