Натпреварот помеѓу селекциите на Хрватска и Германија кој почнува во 18.15 часот, ќе го одлучи вториот патник од групата 2 во полуфиналето на Европското првенство за ракометарки. Синоќешниот пораз од Холандија им ја отежни работата на Германките, но тие и понатаму се во добра ситуација да влезат во битка за медалите.
Хрватките се поодморени и имаа повеќе време за подготовка, но според квотите во Sport Life, Германија е фаворит. На Германките не им одговара каква било победа, туку таа мора да биде изразена барем со два гола разлика. Сите други комбинации (победа на Хрватска, нерешено или победа на Германија од еден гол-разлика) ја носат Хрватска во полуфинале.
Претходно, од 16 часот играат Холандија и Романија. Ако победи Холандија, а Германија слави против Хрватска, ќе се направи круг од три селекции со еднаков број бодови. Во тој круг, Хрватска е најдобра, но ако загуби со еден гол-разлика. Ако Холандија не победи против Романија, тогаш на Германките им одговара каква било победа, па и минимална со еден гол-разлика за место во полуфиналето.
Полуфиналистите обезбедуваат и директен пласман на следното СП во Шпанија, па тоа е мотив плус за Хрватска и Германија.