Само еден натпревар суспензија за Ленгле

Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, ќе пропушти само еден натпревар поради црвениот картон кој го заработи изминатиот викенд, во ремито против Жирона од 2-2. Иако главниот арбитер му додели директно исклучување на фудбалерот, поради што можеше да паузира повеќе натпревари, сепак, одлучено е дека доволна казна е само еден натпревар.

Ленгле ќе го порпушти утрешното гостување кај Леганес, додека ќе биде подготвен за натпреварот против Атлетик Билбао во сабота. На тој натпревар Валверде сигурно ќе се потпре на Умтити, додека Ленгле ќе го чува за следниот натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи не ќе може да смета на Умтити, кој заработи црвен картон на премиерниот европски меч против ПСВ.

 

- Оглас -

Најнови вести