Само еден навивач дојде да ги испрати фудбалерите, колку ќе ги пречекаат ако победиме? (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево заминува за Грузија, каде што утре од 18 часот игра историски натпревар за пласман на Европско првенство, а на скопскиот аеродром се појави само еден навивач да ги испрати црвено-жолтите. Горан Кипријановски-Кипре е еден од најверните фанови на македонските репрезентации во сите спортови и присутен на многу гостувања на нашите селекции, па и овојпат реши својата поддршка да им ја даде на фудбалерите пред полетувањето за Тбилиси.

Сликата на скопскиот аеродром сигурно ќе биде многу поинаква ако фудбалерите се вратат од Грузија како победници. Тогаш ни маглата ни часовникот нема да бидат пречка за илјадници љубители на спортот да се појават таму и да ги пречекаат хероите. Слично беше и со кошаркарите во 2011, ракометарите на Вардар и репрезентацијата во 2012 година. Нека биде така и сега, само Македонија да победи, брзо ќе се заборави дека испраќањето на историски меч не било како што заслужуваат играчите.

- Оглас -

Најнови вести