18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Само еден соиграч не бил поканет на забавата на Меси по повод освојувањето на седмата Златната топка

Лео Меси во понеделникот по седми пат ја освои Златната топка.

На церемонијата одржана во Париз, тој го победи Роберт Левандовски од Баерн Минхен, а по тој повод Аргентинецот вчера одржал забава со своите соиграчи и тренери од ПСЖ.

Интересно е што сите членови добиле покана и присуствувале освен Мауро Икарди, кој останал непоканет.

Од поодамна, Меси го избегнува Мауро поради контроверзниот начин на живот.

Воедно и неодамнешната сапуница со Ванда Нара, на која сè чини дека и нема крај, дополнително ги закомплицирала односите меѓу нив двајца.

Со постапките коишто ги направи Мауро, голема е веројатноста дека тимот ќе се обиде да се ослободи од неговите услуги во јануари, или пак наредното лето, со цел да си обезбеди хармонија меѓу останатите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести