Само еден тенисер може да ги сопре Синер и Алкарас, но тоа не е Ѓоковиќ

Легендарниот италијански тенисер Рикардо Пјати верува дека има еден играч кој може да застане на патот на доминацијата која во моментов ја имаат Јаник Синер и Карлос Алкарас, но тоа не е Новак Ѓоковиќ. Во моментов се игра Мастерс турнирот во Монте Карло, каде што не учествува Ѓоковиќ, а Пјати посочи едно име кое може да им парира на двајцата најдобри тенисери во моментов. Тоа е Алексанер Зверев.

„Единствен кој може да им парира на земјена подлога на Синер и Алкарас е Саша Зверев. Тој е голем работник. Негов тренер е татко му и тоа му одговара. Додуша, би било добро да донесе некој кој би му помогнал и да го поправи сервисот. Тоа би му било од полза. На земјена подлога очекувам добро да се покаже и Лоренцо Мусети, кој традиционално добро игра на Ролан Гарос“, анализира Пјати.

Во последниве две и пол години, Синер и Алкарас доминираат на големите турнири и речиси не дозволија некој друг тенисер да стигне до трофеј.

 

- Оглас -

Најнови вести