Австралискиот тренер со грчки корени, Анге Постекоглу, заработи отказ во Нотингем Форест по само 39 дена откако беше назначен. Катастрофалните резултати му „пресудија“, а капка што ја прели чашата беше поразот од Челзи (0-3) на домашен терен.
Само еден тренер во историјата на Премиер лигата побрзо добил отказ од Постекоглу. Сем Алардејс во 2023 година беше отпуштен од Лидс по само четири меча и 30 дена откако беше назначен на функцијата во обид да го спаси клубот од испаѓање.
Shortest Managerial Reigns in Premier League history: Ange Postecoglou at Forest is the second-shortest
byu/Goosedukee insoccer
Воедно, Постекоглу се запиша и во негативната историја на Нотингем Форест како прв тренер кој не успеа да победи на првите осум меча откако е назначен на тренерската позиција. Клубот е формиран во 1865 година, односно пред цели 160 години.
Австралискиот тренер ја напушта клупата на „шумарите“ со биланс од две нерешени средби и шест порази на осум меча.