Само една држава во светот не гласала ниту за Меси, ниту за Халанд во изборот за Златна топка

Лионел Меси по рекорден осми пат беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на „Франс Фудбал“ и ја доби престижната награда „Златна топка“. Аргентинскиот виртуоз на крајот заврши пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Меси на крајот доби 462 гласа, додека Халанд заврши со 357 гласови. Во гласањето учествуваат по еден новинар од најдобро рангираните 100 земји на ФИФА листата, но гласањето не е задолжително, па така на овој избор гласале 92 земји.

Секој новинар одбир пет најдобри фудбалери и дава гласови. За најдобриот следуваат 6 гласа, потоа за вториот 4, три за третиот, два гласа за четвртиот, а петиот добива еден глас.

Меси беше најдобар во гласањата на Англија, Шпанија, Германија, Италија, Бразил…, додека Ханалд најмногу гласови доби од земји како што се Франција, Норвешка, Швајцарија, Грција, Јапонија… Со шест бода за Халанд гласал и македонскиот новинар Марио Сотировски од „Вечер“, а бодови од Сотировски добиле уште и Меси (4), Мбапе (3), Де Бројне (2) и Осимен (1).

Од сите оние кои гласале, само една држава нема дадено ниту еден глас ниту за Меси, ниту за Халанд. Тоа е новинарот од Камерун. Тој гласал за Мбапе, Де Бројне, Родри, Онана и Бернардо Силва.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести