9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Само една измена во составот од тој што ја прегази Ерменија

За најважниот дуел од квалификациите за пласман на Светско првенство во Катар, во составот на Македонија се враќа капитенот Стефан Ристoвски. Поради парни жолти картони, десниот бек го пропушти гостувањето кај Ерменија, а сега е подготвен да го предводи националниот тим кон историскиот бараж за Мундијалот 2022 година.

Македонија во Ереван одигра фантастичен меч и победи со 5:0, па селекторот Боби Милевски нема многу дилеми околу тоа дека во стартниот тим ќе бидат истите фудбалери од пред три дена, со тоа што на местото на Тихомир Костадинов, на десната бековска позиција ќе се врати капитенот Ристовски.

Според тоа, стартниот тим на Македонија против Исланд ќе биде во формација 4-4-2 и тоа:

Димитриевски – С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Чурлинов, Барди, Елмас, Ашковски – М. Ристовски, Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести