На околу половина од рокот за типување во 24-тото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, многу прогнозери веќе се изјаснија, но до сабота во 15.30 часот процентите може значително да се променат.
Еден од најголемите фаворити во основната понуда е Реал Мадрид, кој игра големо градско дерби со Атлетико, а дури 72,3% од играчите кои досега типувале, очекуваат победа на Кралскиот клуб.
В недела се игра и финалето на англискиот Лига куп помеѓу Арсенал и Манчестер сити. Кај овој пар 41% веруваат дека нема да има победник во регуларниот дел од средбата, а помалку од 20 отсто типуваат победа на Сити по 90 минути игра.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


