31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Само една репрезентација никогаш не загубила дома во квалификациски меч за СП

Победата на Аргентина против Бразил на „Маракана“ прекина една неверојатна низа на Кариоките, тоа беше нивен прв пораз во историјата на домашен терен во квалификациски меч за Светско првенство.

Бразилците на претходните 64 квалификациски мечеви никогаш немаа загубено дома, а по овој пораз паднаа на шесто место на табелата во јужноамериканските квалификации, што ретко им се случува.

До март 2022 година и Италија можеше да се пофали дека никогаш не загубила дома меч од квалификации или бараж за СП, а Македонија на дуелот во Палермо им ја прекина серијата успеси.

Сега единствена репрезентација во светот која никогаш не загубила на свој терен во меч од квалификации за СП е Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести