Само една третина прогнозери верува дека ПСЖ ќе победи викендов во француската лига

На половина од рокот за типување за осмото коло на популарната бесплатна игра Спортска прогноза на Sport Life мнозинството веќе си има своите фаворити.

Неколку големи дерби-дуели се дел од понудата. Во победа на Реал Мадрид против Барселона веруваат над половината прогнозери, за Барса е само една четвртина од играчите.

Голема е поделеноста за дуелот на Арсенал против Ливерпул, со тоа што 38,1% се одлучија за Топчиите, а скромни 26,9 отсто верува во победа на Ливерпул, кој е лидер на табелата.

За најголемото италијанско дерби, само 7 проценти типуваат победа на Јувентус на гостувањето кај Интер, а околу две третини (65 отсто) се за триумф на Нераѕурите.

Интересно е дека прилично малкумина (31,6 проценти) од оние кои веќе се изјасниле, мислат дека ПСЖ ќе слави на гости кај Марсеј во големото француско дерби. За кец и двојка се малку повеќе прогнозери, но и тие засега се под 40 проценти.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За една утка и 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести