Само една „златна топка“ остана да игра во Европа, останатите се одлучија да ги прифатат милионите

Од 2008 година наваму само четворица фудбалери го имаат освоено врвното признание Златна топка кое го доделува „Франс фудбал“ во соработка со ФИФА за најдобар фудбалер на светот.

Десет години Лео Меси и Кристијано Роналдо се менуваа, потоа следуваше наградата за Лука Модриќ, па уште двапати Меси и последната ја освои Карим Бензема.

Тоа значи дека 13 „златни топки“ заминаа да играат на други континенти, само една остана во Европа. Кристијано Роналдо со пет златни топки уште зимата се пресели во Саудиска Арабија, неговиот пат го следеше и последниот освојувач, Карим Бензема. Рекордерот со седум признанија, Лео Меси, се одлучи кариерата да ја продолжи во САД.

Единствен кој успеа да им оделее на милионите (барем засега) е Хрватот Лука Модриќ, кој останува верен на европскиот фудбал и следната сезона ќе биде единствениот активен фудбалер во Европа кој ја има освоено Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести