Само Фјури и Вајлдер да не се залетаат како овој „боксер“ (Видео)

Уште помалку од 48 часа остануваат до бокс-мечот меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер за освојување на појасот во ВБЦ верзијата. Многумина оваа борба ја нарекуваат шлаг за 2018 година.

Дека ќе биде шоу зачинето со хаотични моменти, се покажа уште на прес-конференција, кога страстите кај двајцата боксери зовреа, па имаше масовна тепачка.

Додека чекаме да дојде 3 часот наутро во недела по македонско време, кога е закажан боксерскиот спектакл, ви споделуваме еден клип кој покажува дека никогаш не треба да се потцени ниту еден противник, бидејќи за тоа може да следува жестока казна. Сигурно Фјури и Вајлдер со полна концентрација ќе влезат на мечот во недела, инаку доколку не го направат тоа, може да им се случи дебакл, како на овој боксер во рингот од пред неколку години.

https://twitter.com/freak1ngawesome/status/1068159397602283520

 

 

- Оглас -

Најнови вести