Само Германија е со сите победи на младинското ЕП, но ќе има тешко четвртфинале

Германија ја совлада Англија со 2-1 и го освои првото место во својата група на Европското првенство за фудбалери со 21 година кое се одржува во Словачка.

Германците се единствен тим на ЕП со 9 бода од трите кола во групната фаза, никој не даде повеќе голови од нив, но нема да имаат лесна задача во четвртфиналето каде ќе се сретнат со Италија. Англичаните во четвртфиналето играат со Шпанија.

Другите четвртфинални парови се Португалија – Холандија и Данска – Франција.

- Оглас -

Најнови вести