Ждрепката за Европското првенство во ракомет не беше наклонета кон македонската машка репрезентација, а ако на тоа се додаде и новиот систем за натпреварување со кој само две најдобри селекции од секоја група продолжуваат во следната фаза, ја прави невозможна мисија опцијата Црвено-жолтите да бидат меѓу 12-те најдобри во Европа.
Наши противници се силната Франција (дуелот со нив е на отворањето на ЕП на (10 јануари), домашната Германија (14 јануари) и Швајцарија (16 јануари).
Sport Life ги објави квотите за европски првак, а Франција и Германија се во топ 5 фаворити, заедно со Данска, Шведска и Шпанија.
Коефициентот за Швајцарија дека ќе биде европски првак е 750, а за Македонија дури 900. Поголеми аутсајдери од Македонија се само Грција и Грузија.