Само Гвардиола стигнал побрзо од Чаби Алонсо до 50 победи во Бундеслигата

По 15 одиграни кола во германската Бундеслига, јасно е дека борбата за титулата ќе биде межу два тима. Актуелниот бранител на тронот Баер Леверкузен кој има 32 бодови и лидерот Баерн Минхен со 36 бодови. Третопласираниот Ајнтрахт веќе заостанува девет бодови и покажа дека не може да го следи жестокото темпо.

Баер Леверкузен е во низа од пет победи по ред, а последниот триумф над Фрајбург со убедливи 5:1 беше и јубилеен за тренерот Чаби Алонсо. Шпанскиот стратег се израдува на 50-тата победа во во Бундеслигата, а за да го направи тоа му беа потребни само 75 дуели.

Низ историјата на германското првенство единствено Пеп Гвардиола побрзо стигнал до 50 триумфи во Бундеслигата. Кога седна на клупата на Баерн Минхен, на Гвардиола му беа потребни само 61 натпревари да заокружи 50 триумфи во шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести