Само Јута може да се надева на гостинска победа, на шампионот Голден стејт повеќе никој не му се плаши

Вечерва на НБА-терените ќе се одиграат пет натпревари, од кои во четири фаворити се домаќините, а само на еден се очекува триумф на гостинска екипа.

Мајами хит ќе ја има фаворитската улога во дербито на Истокот против Чикаго булс. Мајами се наоѓа во серија од четири победи по ред кои ги оствари на гости, а три се од турнејата по Западот и дуелите со Сан Антонио, Хјустон и Оклахома сити. Победничката серија ги искачи Жешките на седмото место на табелата на Истокот со скор 16-15.

Чикаго пак има серија од четири порази во низа и падна на 11-тото место во Источната конференција со 11 победи и дури 18 порази.

Интересен меч се очекува да се одигра во култната арена „Медисон Сквер гарден“ каде што Њујорк никс го пречекува шампионот Голден стејт вориорс. Воините се најслаб тим на гостувањата, на 17 меча остварија само три победи. Згора на тоа, отсуството на повредените Стеф Кари и Ендрју Вигинс го прави Њујорк голем фаворит за триумф и квотата во Sport Life е одлична и изнесува 1.57.

Победа се очекува и од Феникс санс во дуелот против Вашингтон визардс, а дербито ќе се игра во Денвер, каде што ќе се сретнат двете најдобри екипи на Западот. Денвер предводен од Никола Јокиќ го пречекува Мемфис.

Тука е и понудата за кошаркари, односно колку поени ќе постигнат оние играчи кои ќе истрчаат на теренот. Интересно е што ниту еден од 31 кошаркар не треба да ја помине границата од 30 поени, најблиску е ѕвездата на Мемфис, Џа Морант, за кого границата е 28,5 поени.

Во отсуство на Стеф Кари, поени се очекуваат од Џордан Пул, кој е на граница од 26,5 поени, а обврска да ги предводат своите екипи имаат Џулиус Рендл и Џејлен Брансон (Њујорк), Демар Дерозан (Чикаго)…

- Оглас -

Најнови вести