На дербито од бразилската Серија А помеѓу Интернасионал и Флуминенсе, левиот бек на гостите имаше еден суператрактивен потег со кој го привлече вниманието и стана хит на социјалните мрежи.
Интер беше во напад, а бекот на Флу мртов-ладен одигра со пета без да ја гледа топката. Веројатно беше свесен дека ако погреши, тоа може да биде опасно за неговата екипа, но храброста му се исплатеше и ова испадна феноменално.
https://twitter.com/i/status/1427067457093656581