Само „кенгур“ може да скокне како Кристијано Роналдо (Видео)

Десетици случајни минувачи во центарот на Лондон се обидуваа да заработат 1.000 фунти, колку што нудеа познатите фудбалски фристајлери Џереми Линч и Били Вингроув, за тој што ќе успее да скокне како Кристијано Роналдо и ќе удри топка со глава, а топката е поставена на височина од 265 сантиметри.

Роналдо двапати имаше таков небесен скок, еднаш за Реал Мадрид против Манчестер јунајтед во 2013 година и еднаш на ЕП 2016 во дресот на Португалија, во дуелот со Велс. Колку е тешко да го чувате импресивниот Роналдо, се уверија и речиси сите кои се обидоа да ја докачат топката на таа висина од 2,65 метри.

Се обидуваа многумина, некои беа блиску, а најблиску беше еден висок и скочен Австралиец. Тој за малку не успеа, но беше облечен во чевли. Еден од присутните на Австралиецот му даде патики, но под услов да добие дел од парите ако овој успее да ја удри топката. Договорот падна, а дека е полесно со патики отколку со тешки чевли се виде веднаш и Австралиецот успеа, со што предизвика воодушевување кај присутните сеирџии.

- Оглас -

Најнови вести