Само Манчестер јунајтед може да се пофали со ваков јубилеј

Во пресрет на дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Евертон кој треба да започне во 15 часот, 20-кратниот англиски првак испиша историја. Денешната средба е 4.000 последователна во која фудбалер од академијата на Црвените ѓаволи е во почетниот состав.

Оваа традиција на Јунајтед трае од далечната 1937 година, а можеби се единствен клуб кој може да се пофали со ваков јубилеј. Оле Гунар Солскјер за пресметката со Карамелите одлучи да искористи тројца „матуранти“ од школата, тоа се Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Скот Мектоминеј.

Oвој податок само ја докажува посветеноста на гигантот од „Олд трафорд“ во создавање на нови генерации фудбалери со кои треба да се продолжи клупскиот успех, кој недостасува во изминативе сезони.

- Оглас -

Најнови вести