Пет интересни натпревари се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life. Квотите се движат помеѓу 2.15 и 2.50, а доколку петте натпревари се искомбинираат на ист тикет се добива квота од 66.81.
Аталанта која во претходното коло ја прекина победничката серија и загуби од Болоња, е голем фаворит за триумф против Лече. Предлогот на Sport Life е Аталанта да им се врати на победите и притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.30.
Астон вила во претходниот меч пред своите гледачи ја прекина неверојатната серија од 15 меча по ред на кои славела пред своите гледали, но денеска е на добар пат да им се врати на победите. За играта 1-1 & 2+ квотата изнесува 2.35.
Најмалата квоте е од дуелот меѓу Милан и Сасуоло и изнесува 2.15. Оваа квота се добива ако се одигра дека Милан ќе постигне барем по еден гол и во двете полувремиња.
Манчестер јунајтед по неверојатната победа над Астон вила од 3:2 иако имаше два гола негатива, ќе се обиде 2023 година да ја заврши со позитивен резултат. Црвените ѓаволи му гостуваат на Нотингам форест кој пак пред неколку дена го совлада Њукасл со 3:1, и предлогот на Sport Life е да се одигра дека гостите нема да загубат, а притоа и двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.30.
Последниот предлот е од дербито на денот меѓу Јувентус и Рома и ја има најголемата квота која изнесува 2.50. Оваа квота се добива ако се одигра дека ќе бидат постигнати меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.