Само Меси го може тоа – Со случаен гол што испадна магичен стаса до рекорд во Јужна Америка (Видео)

Лионел Меси стана првиот јужноамерикнаски фудбалер што дал 80 голови во дресот на репрезентацијата, а тоа го стори со погодок што не е вообичаен и секојдневен и ретко се гледа.

Фудбалскиот велемајстор во 38. минута на мечот против Уругвај се обиде со лоб да му асистира на Николас Гонзалес, но и тој и голманот Муслера ја утнаа топката која заврши во мрежата на гостите.

https://twitter.com/GT_MessiFC/status/1447355656630120454?s=20

Аргентина победи со 3:0 и го задржа второто место на табелата со 22 бода, зад Бразил. Кариоките се се уште лидери, но ноќеска за првпат не победија во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Колумбија е првата селекција што успеа да одигра нерешено со Бразил во меч без голови и тоа во десеттото коло. Боливија го изненади Перу со победа од 1:0, неочекувано и Венецуела славеше против Еквадор со 2:1, а Чиле го победи Парагвја со 2:0, резултати што им одат во прилог на Бразил и на Аргентина.

Двете селекции се на првите две места, Барзил со 28 бода, Арге тина со 22 и имаат и меч за доигрување, меѓусебниот што беше прекинат од бизарни прични во Сао Пауло, па де на добар пат да играат на Мундијалот во Катар.

Зад нив се Еквадор и Уругвај со по по 16 бода на 8 кола до крајот, па следи Колумбија со 15, парагвај со 12, Перу со 11, Чиле со 10, Боливија со 9 и Венецуела која е последна со 7 бода.

Првите четири репрезентации ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство, а петтата ќе игра дополнителен бараж за пат во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести