Само Мурињо го може ова: Со еден потег направи еуфорија кај 65.000 навивачи (Видео)

Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа и тоа откако мораше да одигра 120 минути на „Олимпико“ против Феенорд. Римската волчица беше пред елиминација кога при резултат 1:1, домаќинтие постигнаа гол за 2:1 во 89 минута и на тој начин се изборија за продолженија, затоа што Феенорд на првата средба победи со 1:0.

Во дополнителните 30 минути Рома одигра многу добро, постигна два гола и на крајот домаќините се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА.

Најрадосен за победата против Феенорд беше тренерот Жозе Мурињо кој не можеше да дочека да биде означен крај на мечот и почна да слави додека уште се играше. Во 120+ минута, Мурињо еуфорично ги крена домашните навивачи на нозе и направи вистинско шоу кое го прифатија 65.000 навивачи на Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести