Само Мурињо може вака да пресметува: Досега имам освоено 25 и пол трофеи

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе седи на клупата на Рома, тим кој долги години нема освоено трофеј. Навивачите на Римската волчица веруваат дека по пауза од повеќе од 10 години, ќе се израдуваат на нови пехари, а португалскиот стратег е асоцијација за трофеи.

Самиот Мурињо вели дека тој е еден од најтрофејните тренери, но интересно е како пресметал дека има освоено 25 и пол трофеи.

„Дали знаете колку трофеи имам освоено во кариерата? Дваесет и пет и пол. Oва половината е финалето од Купот на Англија на Тотенхем. Разочаран сум бидејќи имав шанса да освојам трофеј со тим кој нема освоено премногу трофеи. За многумина тоа би било сон“, рече Мурињо, кој од Тотенхем доби отказ само неколку дена пред финалето во Купот.

Мурињо вели дека со нетрпение го чека стартот во Рома.

„Возбуден сум што доаѓам во Рома. Ми се допаѓа пристапот на сопственикот на клубот и имам чувство дека и тие се чувствуваат како обични работници во клубот“, вели Мурињо, кој во кариерата два пати бил европски првак со Порто и Интер, а бил и шампион во Португалија, Италија, Шпанија и Англија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

 

- Оглас -

Најнови вести